Утрински Весник
Македонија

Власта шверцерски подготвува закони за зголемување на даноците, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се работи за безбедноста на граѓаните, Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС – се максимално ангажирани

Власта на СДС и ДУИ шверцерски подготвува три законски измени со кои предвидува зголемување на постоечки даноци или воведување на нови. Ниту се консултира бизнис заедницата, ниту експертите, ниту има јавна и стручна расправа, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Даночните реформи ад хок не ги прават заради некаква социјана политика, туку едноставно бараат начини да го полнат буџетот кој после безмилисно го трошат за луксузи, лични богатења и криминал. Впрочем тие и онака трошат рекордни буџети, односно за 7 години потрошиле околу 30 милијарди евра, а граѓаните од тоа не видоа апсолутно никаква корист. Со трите законски измени се предвидува дуплирање на ДДВ за околу 4000 прехрамбени производи, измени на данокот на добивка и воведување на нов тн солидарен данок“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека товарењето на стопанството без да се обезбеди фер бизнис клима и услови е погубно за економијата.

„Власта наместо да се бори со сивата економија и да се обидува да го зголемува на тој начин приходот, тие удираат по граѓаните и оној дел од стопанството кој е успешен и дисциплиниран во плаќањето. Според логиката на власта оној кој не плаќа даноци ќе продолжи да не плаќа, а нив ќе ги покриваат со прибирање повеќе даноци од оние компании кои се успешни и редовно плаќаат. Ваква арамиска даночна реформа може да спроведе само арамиска власт како оваа на ДУИ и СДС кои во ова гледаат начин како да соберат повеќе пари во буџетот и истите после да ги украдат и испумпаат во својот џеб. Заради немањето предвидливост, алаш вериш политиките на власта и ваквите даночни реформи странските инвестиции ја избегнуваат Македонија во широк лак, а постоечките бизниси бегаат“, пишуваат во соопштението.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје