Утрински Весник
Македонија

Власта ги излажа студентите, СДСМ бара зголемување на 160 денари за студентски оброк

Image 2025 09 06 113747979.png

Прес-конференција, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Денеска сме тука да го кажеме она што секој студент го чувствува секојдневно: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави студентите сами. 


Во време кога животните трошоци растат вртоглаво, кога храната станува сè поскапа, студентскиот оброк остана замрзнат на 140 денари и власта оваа година нема намера да го зголеми. 

Тоа значи дека денес студентите реално имаат помал оброк отколку пред две години.

Кога ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Студентите знаат дека мерката студентски оброк е мерка на СДСМ, и последен пат во 2023 година, износот беше зголемен од 120 на 140 денари.

Но, оттогаш цените пораснаа многу побрзо. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2025 година трошоците на животот се зголемени за 4,5% во споредба со лани. Оваа аритметика е едноставна: кога менито поскапува побрзо од оброкот, секоја непроменета година е фактичко кратење.

Не може да има пари во најголемиот буџет во историјата за папаја, манго и луксузи на функционерите, а за студентите да нема пари. 

СДММ бара зголемување на сумата за студентски оброк на 160 денари.

Бидејќи власта не ги есапи студентите бараме системско решение: автоматска индексација според цените на храната или јасна формула за годишно усогласување.

Наместо папаја и манго за функционерите, власта нека обезбеди средства за студентите.

Студентите не бараат луксуз. Бараат достоинствен оброк и елементарни услови за живот и студирање.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе имаме вин-вин решение