Утрински Весник
Македонија

Владо Георгиев ограбен во Дајмонд Мол во Скопје

Img 7265.jpeg

Српскиот пејач Владо Георгиев беше жртва на грабеж во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, а непријатната ситуација ја сподели на социјалната мрежа Икс.

Георгиев го оставил својот автомобил на паркингот во трговскиот центар, но додека шетал низ продавниците, крадците влегле во возилото и му украле сè што се наоѓало на задното седиште.

„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар ‘Дајмонд’ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот во својата објава.

Инцидентот ја разбуди јавната загриженост за безбедноста во трговските центри и на паркинзите. Сè уште нема информации дали случајот е пријавен во полиција и дали има преземени мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ова е само еден од низата слични инциденти кои ги потсетуваат граѓаните и посетителите да бидат внимателни и да не оставаат вредни предмети во своите возила.

Можете да прочитате

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Бојковска: Следува ревизија во Фондот за иновации, СДС  финансирале проекти со пари на граѓаните за полнење на нивните џебови  

Тешко повреден рудар од Крива Паланка