Утрински Весник
Македонија

Владино бифе работело на црно без фискални сметки

Vlada.webp.webp

Од неиздавање на фискални сметки во владиното бифе па се до неуредна евиденција на државен имот вреден стотици милиони евра – овие неправилности се утврдени од страна на државниот ревизор во работењето на службата за општи и заеднички работи на Владата за 2024 година

Во текот на дел од 2024 година во владиното бифе не се издавале фискални сметки, а дневниот промет не се уплаќал редовно, туку по неколку месеци. Констатирани се и значително ниски пријавени износи во одредени периоди.

Ревизијата открила и големи разлики меѓу сметководствената и фактичката состојба: кусок на залихи од околу 4,1 милиони денари и недостиг на ситен инвентар од над 4,2 милиони денари, без утврдена одговорност. Дури 95% од залихите се застарени и неупотребливи.

Дополнително, СОЗР не водела точна евиденција за државно земјиште вредно околу 325 милиони евра — дел од веќе продадени парцели сè уште се водат како државни, а за некои локации воопшто нема податоци за користење.

Ревизорите нотираат и слабо планирање на набавки, спорен лизинг на 45 возила без економска анализа, ангажирање привремени лица без соодветни квалификации и случаи на фаворизирачки услови во јавни набавки.

Можете да прочитате

Мицкоски: „Сејф сити“ ги дава резултатите, во однос на протестот за нерегистрирани возила законот мора да се почитува и да има ред 

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е покачување на платите на административците за 40% 

Јаневска: Не верувам дека се заобиколени процедурите за постапување во случајот со мозочните ткива