Утрински Весник
Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утрово положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во состав на владината делегација која им оддаде почит на двајцата претседатели коишто ќе останат запаметени по нивната впечатлива трага во градењето на нашата државност, беа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации на кабинетите на претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор, како и претставници на политичките партии.

Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со богата културно уметничка програма во Градскиот парк во Скопје, како и културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии низ целата држава.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат