Утрински Весник
Македонија

Владина делегација положи цвеќе во чест на бранителите по повод 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале

Владина делегација положи цвеќе во чест на бранителите по повод 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале

Делегација на Владата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, оддадоа почит и положија цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.

dobivaj vesti na viber

На одбележувањето на 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје присуствуваа, оддадоа почит и положија цвеќе повеќе високи делегации, меѓу кои делегација од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, припадници на Армијата и полицијата, претставници на бранителите, нивните пријатели и членови на семејствата.Настанот е во организација на партијата „Достоинство“.

Можете да прочитате

ЛДП: Мегаскандалот Михаилова е доказ за ерозија на институциите и го дозакопува нашето европско досие

Не дарувал ни капка крв, а добил шест дена платено отсуство – полицаец заработи кривична пријава

Возел со 185 км/ч таму каде што дозволената брзина е 100 – Црногорец уапсен на Табановце