Утрински Весник
Македонија

Владата за хируршките клиники: Да се замени опремата на централната компресорска станица со нова

Klinicki Centar 1024x612.jpg
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство информира дека на денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ .

Министерството за здравство информира дека на денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега превземените активности и мерки со цел надминување на истите.

На седницата, беа донесени следните заклучоци:

– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведе замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица;

– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје во рок од една недела да достави до Владата на Република Северна Македонија оперативен план за спроведување на активностите.

Пред три дена, во понеделникот заменик министерката д-р Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.

Министерство за здравство

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси