Утрински Весник
Скопје

Владата во вторник ќе донесе одлука за доделување средства на ЈСП

Jsp.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска информираше дека на следната владина седница, која ќе се одржи во вторник, 31 декември, ќе биде донесена одлука за доделување на средства на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за обезбедување бесплатен превоз за студентите во Скопје.

– Средствата се обезбедени во рамките на Буџетот на Министерството за образование и наука за следната година. По консултациите со министерката, на редовната владина седница во вторник ќе донесеме одлука да се потпише договор, за да тие средства веднаш бидат префрлени на ЈСП, и да можат студентите беспрекорно да ги користат услугите на јавниот превоз во градот Скопје почнувајќи од јануари – изјави премиерот Мицкоски.
Со оваа одлука, Владата се посветува на поддршка на студентите и обезбедување поголема достапност до јавниот превоз, што ќе им олесни транспортот и ќе влијае на квалитетот на нивното секојдневно функционирање.


Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

СДСМ: Неспособноста на ДПМНЕ го остави пола Скопје без парно