Утрински Весник
Економија

Владата уште анализира за проширување на листата на производи со замрзнати маржи

Владата не ја прошири листата на производи со замрзнати цени оти уште се анализира пазарот.

dobivaj vesti na viber

Владата одржа уште една седница, на која не ја прошири листата на производи со замрзнати цени во согласност со најавите на министерот за економија, Крешник Бектеши. Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, денес објасни дека на проширување на листата сè уште се работи.

„Владата на вчерашната седница не донесе одлука со која се проширува листата на производи на кои им е определена маржата. Економскиот тим е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст како и претходно што најавија ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот“, рече портпаролот Хоџа.

На вчерашната седница Владата донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата за основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало и во следните три месеци, односно до 31 декември 2022 година.
За да го спречи неконтролираниот раст на цените на основните продукти предизвикан од енергетската криза, Владата во јуни годинава ги ограничи маржите на лебот, шеќерот и на сончогледовото масло на 5 % и на пченицата, макароните, шпагетите, оризот и на кравјото млеко на 10 %.

Поради значителниот скок на цените на сите други продукти по замрзнувањето на маржите на основните продукти, министерот Бектеши најави проширување на листатата.

Можете да прочитате

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност