Црногорската влада на денешната седница донесе одлука за ограничување на маржите на повеќе од 500 производи, соопшти премиерот Милојко Спајиќ.
-Тоа значи дека не само што не се запира растот на цените на тие производи, туку се намалуваат цените на одредени производи. До денеска велевме дека ќе го запреме поскапувањето, а сега зборуваме за намалување на цените. Ја поздравувам и економијата што прифати ваква мерка, рече Спајиќ на прес-конференцијата по седницата на Владата.
Спајиќ најави дека ова е начин да се запре инфлацијата.