Утрински Весник
Македонија

Владата експресно ги провери и ги отфрли како шпекулација документите кои СДСМ ги достави во врска со Меџити

Vlada.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата ги провери и ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање на Изет Меџити, информираат од „Илинденска“ број 2.

Во владиното соопштението се наведува дека инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и е утврдено незаконско постапување.


-Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ. Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како што повика и Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од Владата.

Од таму додаваат дека остануваат посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје

Среќна Нова Година од екипата на 24инфо!