Утрински Весник
Економија

Владата ќе крои „есенска“ потрошувачка кошница и намалување на цената на одредени продукти

Super Market 1 1.jpg

Министерството за економија информира дека се работи на воведување „есенска потрошувачка кошничка“ која треба да резултира со намалување на цените на околу 100 артикли.

До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница, а во меѓувреме работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите.

Тоа го потврди и премиерот Христијан Мицкоски.

„Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, односно што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно врз стандардот на граѓаните. Задоволен сум што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 проценти во однос на ланскиот август, што е навистина добар резултат и е понизок во рамки на еврозоната“ кажа премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај есенската, владата најавува дека ќе има и божиќна, велигденска, рамазанска кошничка напродукти со намалени цени.

„Нашата цел е да им излеземе во пресрет на граѓаните се со цел да има подобрување на животниот стандард. Исто така сакам да кажам дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува, вели министерот за економија и труд, Дурмиши.

Инаку во регионот одредени држави како Србија и Црна Гора, во периодов спроведуваат мерки за намалување на цените на стотици продукти.

Претходната Влада во земјава, во текот на изминатите две години воведе различни мерки од ограничување на маржите на производите, замрзнување на цените, како и воведување гарантирана цена на дел од пекарските, месните, млечните производи и кај дел од пијалаците.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена