Утрински Весник
Македонија

Владата да не ги игнорира добрите здравствени политики на СДСМ,  за здраво општество потребна е одговорна власт

Zdravi pochetoczi silno opshtestvo 8.jpg

По повод Светскиот ден на здравјето, Форумот на жени на СДСМ организираше панел дискусија на тема „Здрави почетоци, силно општество”, посветена на актуелната состојба на здравствениот систем и значењето на здравите почетоци за секоја држава. Специјалистите и експертите на панелот, меѓу кои и проф. д-р Маја Мојсова Миовска, проф. д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Маја Манолева, споделија свои искуства како и постигнувањата во здравствениот сектор за време на владеењето на СДСМ.

Проф. д-р Ана Данева Маркова посочи дека со доаѓањето на власт на СДСМ во 2017 година, здравствениот систем беше во критична состојба, со катастрофални показатели за перинаталната и неонаталната смртност. Преку вложување во мајките и новороденчињата, и преку донесување на стратегија за подобрување на здравствената грижа, постигнати се значајни резултати. Перинаталната смртност е намалена трипати, а неонаталната смртност од 9 на 0,9 за 2023 година.


Проф. д-р Маја Манолева истакна дека добрите здравствени политики на СДСМ не се само инвестирање во здравјето, туку и во иднината на општеството. „Здравиот почеток не е привилегија, туку право на секој новороденчен, а здравото општество започнува со грижа за најмладите,” додаде Манолева.

Денес многу од овие политики и напори не се продолжени или дури запоставени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај значајните резултати кои ги постигневме за унапредување на здравствената грижа, скоро година дена здраствениот систем е во застој. Владата не покажува истата посветеност и континуитет во имплементацијата на клучните политики кои придонесоа за намалување на смртноста и подобрување на условите за здравје на мајките и новороденчињата, но и за основни потреби на лицата со инсулинска терапија кои последнава година се соочуваат со недостаток на инсулин.

Д-р Маја Мојсова Миовска истакна дека трансплантацијата е врниот дел од медицината коишто укажува дека здравствениот систем има достигнато ниво за да се видат ефектите од трансплантациската медицина, која за жал уште е само како програма во Министерството за здравство, иако пред 5 години стигнавме до некое ниво кога беше првото срце трансплантирано во Македонија, со кое се подигна и свеста кај граѓаните.

„Стигнавме до одредено ниво и за жал не успеавме да го довршиме тоа. Не гледам дека нешто се поместува во моментот, не треба да се напуштат претходните добри политики на СДСМ и веќе обучените кадри и тимови, нивното знаење треба да се искористи и системот кој веќе го воспостави СДСМ треба да продолжи”, додаде д-р Мојсова Миовска.

СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни мерки за развој и унапредување на здравствениот систем, систем кој инвестира во здравјето на луѓето и кој има за цел да обезбеди здраво и силно општество. Граѓаните заслужуваат нормални и достоинствени услови за здравствена грижа, а тоа не може да се постигне без конкретни политички решенија и отсутност на визија.

Можете да прочитате

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Распишан е оглас за избор на судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Костова од СДСМ за ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски