Утрински Весник
Македонија

Владата ѝ честиташе на Албанија и жали поради состојбата во која се наоѓа Македонија

Vlada 183439 1.jpg

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска информираше дека од „Илинденска бр.2“ честитале и изразиле задоволство од фактот што Албанија ги отвори преговарачките поглавја со ЕУ, но истовремено жалат за состојбата во која се наоѓа Македонија.

Запрашана какви се очекувањата и колкави се нашите шанси да се придвижиме на патот на европското семејство, Митева посочи дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера објасни за состојбите кои беа разговарани во рамки на „Берлинскиот процес“.

-Изрази дека од страна на Германија остануваме со силна поддршка во насока на продолжување на евроинтегративниот процес. Ги презентиравме нашите позиции во однос на блокадата и секако како Влада ќе продолжиме да зборуваме и да ги презентираме нашите ставови и да го деблокираме процесот во кој што се наоѓа Македонија, кажа портпаролката на Владата на прес-конференција.

Скопје и Тирана повеќе не чекорат заедно на европскиот пат, бидејќи услов за Македонија да ја одржи втората меѓувладина конференција се уставните измени. Еврокомесарот Оливер Вархеји не смета дека се случува раздвојување и уверува дека проширувањето е меѓу трите најважни приоритети на ЕУ.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година