Утрински Весник
Македонија

Влада: Вработувања на 600 специјализанти во болниците

Lekari 1536x1024 1.jpg

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна седница донесе повеќе одлуки и решенија.

Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти, кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Како што соопштија од владината прес-служба, Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно.

– На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Вечерва полициска опсада во Аеродром по вооружен грабеж на казино

Вечерва драма во скопски хотел претепан и тешко повредено едно лице

Скрински: Македонците и Бугарите се братски народи – време е да се зближиме