Утрински Весник
Свет

Високите температури диктираат нови правила за работа во Германија, италијанските болници полни со туристи кои колабираат, а Грција се подготвува за нов топлотен бран од утре

Високите температури диктираат нови правила за работа во Германија, италијанските болници полни со туристи кои колабираат, а Грција се подготвува за нов топлотен бран од утре

Германија размислува дали да го следи примерот на Шпанија и да воведе ‘сиеста’- работа наутро, одмор, па повторно работа попладне – за да се справи со силниот топлотен бран.

dobivaj vesti na viber

Медицинските службеници во Германија бараат воведување нови правила за работа во топлите месеци, по урнек на јужноевропските земји. Ваквиот ритам на работење во жешките денови, добро познат во дел од земјите од јужна Европа, би требало да се прифати и во Германија, сметаат медицинските службеници.

„Кога е жешко, треба да се водиме според начинот на кој работат јужните земји: станувањето рано, продуктивното работење наутро и сиестата напладне е концепт што треба да го усвоиме во летните месеци,“ изјави Јоханес Нисен, претседателот на Сојузот на лекари од јавниот здравствен систем.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека сиестата „секако не е лош предлог“, додека здружението на работодавачи БДА рече дека е отворено за ваквата идеја.

Ова се случува во време кога болниците низ Италија водат битка да се справат со приливот на пациенти кои бараат итна помош за болести поврзани со екстремна горештина, додека немилосрдниот топлотен бран продолжува да го пече Медитеранот.

Туристите колабираа и се онесвестуваа на дневна основа во текот на изминатите неколку дена низ Медитеранот, вклучително и Италија и Грција, бидејќи температурите во вторникот  се искачија над 42 степени Целзиусови.

Беа забележани италијански медицински лица како третираат туристи, вклучително и деца, кои колабирале од топлотен удар додека го посетиле Колосеумот во Рим, каде температурите достигнаа рекордни 41,8 степени Целзиусови.

Како резултат на тоа, некои италијански болници пријавија зголемување за 25 отсто на бројот на луѓе кои пристигнуваат во единиците за итни случаи кои страдаат од дехидрација или топлотен удар, пренесува Repubblica.

Доаѓа во време кога горештините низ јужна Европа се очекува да се зголемат уште повеќе во наредните денови, а Грција во чеврток ќе ја погоди уште еден топлотен бран.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство