Утрински Весник
Свет

Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел

Izrael Hamas Gaza.jpg

Висок функционер на палестинското движење Хамас во Либан синоќа изјави дека неговото движење е отворено за какви било разговори за да се стави крај на „израелската агресија во Газа“, но рече дека е „прерано во моментов се зборува за постигнување договор за примирје“.

Нацрт-договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, подготвен од катарските, американските и египетските посредници, предвидува ослободување на заложниците кои се држат во Газа во замена за Палестинците држени во Израел.

-Хамас ја повтори својата подготвеност да разговара за секоја иницијатива што ќе стави крај на варварската агресија против нашиот палестински народ во Газа, рече Осама Хамдан на прес-конференција во Бејрут.

Хамдан потврди дека Хамас го добил предлогот за примирје, но рече дека недостасуваат детали. Тој предлог е „рамковен договор што треба да се проучи. Се уште не можеме да зборуваме за договор, рече тој.

-По разгледувањето, ќе се договориме за позицијата што ќе се заснова на нашата желба да ставиме крај на агресијата врз нашиот народ што е можно поскоро, рече Хамдан.

Според извор од Хамас, првата фаза од нацрт-договорот вклучува шестнеделно примирје за време на кое Израел ќе ослободи меѓу 200 и 300 палестински затвореници, во замена за 35 до 40 заложници држени во Газа.

Израелската армија вчера соопшти дека гаѓала на неколку илјади цели и позиции поврзани со движењето Хезболах во Либан и Сирија од почетокот на војната против палестинското движење Хамас.

Војската соопшти дека од октомври погодила повеќе од 3. 400 цели поврзани со Хезболах во јужен Либан. -Од почетокот на војната (против Хамас), нападнавме повеќе од 3.400 цели на Хезболах ширум јужен Либан, изјави портпаролот на армијата Даниел Хагари, додавајќи дека во тој период биле убиени 200 „терористи и команданти“.

Според него, армијата целела и над 50 цели на Хезболах во Сирија. -Ја нападнавме инфраструктурата на Хезболах и во Сирија.

Нападнавме повеќе од 50 цели по копно и воздух, изјави портпаролот на израелската војска, која ретко ги спомнува нејзините операции во Сирија.

На 7 октомври, војната беше предизвикана од напад на Хамас на израелска територија. Според израелските податоци, тогаш загинале повеќе од 1. 160 луѓе, главно цивили.

Како одговор, Израел вети дека ќе го уништи Хамас и започна голема воена офанзива. Според податоците на Хамас, во таа офанзива досега се убиени 27. 238 луѓе во Газа, главно цивили.

Претходно, во напад на Хамас, 250 луѓе беа киднапирани и однесени во Газа. Според израелските податоци, 132 заложници се уште се во Газа.

Израел тврди дека 27 од нив загинале во меѓувреме, а неколку од нив се ослободени. 

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење