Утрински Весник
Македонија

Висар Адеми поднесе кандидатура за градоначалник на општина Гостивар

20250829153704 big 730x400 17 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Како независен кандидат во трката за градоначалник влез Висар Адеми. Тој денес придружуван од неколку блиски пријатели ги предаде документите за кандидатурата.

– Немам партиско лого, ниту ме придружува партиски лидер, туку граѓаните се со мене, вака Висар Адеми ја најави предизборната кампања и официјално ја потврди неговата намера да биде кандидат за градоначалник на претстојните избори. По предавањето на документите, во изјавата посочи дека не се кандидира само за да победи на изборите, туку за да го трансформира Гостивар.


Адеми нема да има листа за советници и ќе се кандидира само за функцијата градоначалник. Кандидатурата ја поднесе до Општинската изборна комисија во Гостивар, откако претходно беше верификувана од регионалната канцеларија на Државната изборна комисија.

Висар Адеми е доктор на економски науки и предава на неколку факултети.

За градоначалничката функција како кандидати изминатиов период се споменати, актуелниот в.д. Ваљбон Лимани кој поддршката ја добива од крилото на Таравари и најверојатно ќе биде во предизборна коалиција со ДУИ. Втор кандидат е предлогот на коалицијата ВРЕДИ, Себаеден Даути. Засега Адеми е единствениот најавен независен кандидат за општина Гостивар. Крајниот рок за поднесување на кандидатури е 13 септември.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“