Утрински Весник
Спорт

Вилијамсон ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Вилијамсон ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон ќе го пропушти претстојниот Ол-стар натпревар поради повреда на десната тетива, потврди тренерот на Пеликанс, Вили Грин.

dobivaj vesti na viber

Вилијамсон, последниот натпревар за Пеликанс го одигра на 2. јануари. Сезонава има просек од 26 поени, седум скока и 4,6 асистенции по натпревар.

Вилијамсон, кој беше прв пик на драфтот во 2019 година, ја пропушти целата сезона 2021/2022 откако ја скрши десната нога.

Тој беше избран во првата петорка на Западната конференција во Ол-стар натпреварот. Покрај Вилијамсон уште еден стартер нема да се појави на овој натпревар, тоа е најдобриот играч на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари.

Ол-стар викендот ќе се одржи од 17. до 19.февруари во Солт Лејк Сити.

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!