Утрински Весник
Свет

Викторија Нуланд заминува во пензија

Breaking Victoria Nuland Has Submitted Her Resignation And V0 Iuxhloit0jmc1.webp.webp

Потсекретарот за американски политички прашања Викторија Нуланд го известила државниот секретар Ентони Блинкен дека има намера да ја напушти функцијата и да се пензионира, соопшти денеска канцеларијата на Блинкен.

„Викторија Нуланд ме информираше дека има намера да се повлече од функцијата заменик-секретар за политички прашања во следните недели, улога во која ја олицетвори посветеноста на претседателот Бајден за враќање на дипломатијата во центарот на нашата надворешна политика и за заживување на глобалната политика и лидерство на Америка „во клучно време за нашата нација и светот“, рече Блинкен.

Тој рече дека тој и американскиот претседател Џозеф Бајден побарале од потсекретарот за менаџмент Џон Бас да биде вршител на должноста потсекретар за политички прашања додека не се избере наследникот на Нуланд.

„Многу сме благодарни за услугата на Викторија и трајниот белег што го остави на оваа институција и на светот“, рече Блинкен.

Нуланд беше потсекретар од јули минатата година, додека во вториот мандат на поранешниот американски претседател Барак Обама беше помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме