Утрински Весник
Македонија

Виктор Орбан пристигнува во Охрид – полициски службеници од целата држава се распределени на трасата каде ќе се движи делагацијата

2 47.jpg

Охрид денеска е под засилени безбедносни мерки поради посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан
Полициски службеници од цела држава се распределени на трасата како и на целото подрачје каде ќе се движат автомобилите на високата делегација на одредени објекти, локации и сообраќајници.Денеска и утре на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ забрането е запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

Унгарскиот премиер Орбан ќе се сретне со премиерот Мицкоски. Ќе се одржат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

На маргините на дводневната посета е предвидена и прошетка во градот, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“.

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина