Утрински Весник
Македонија

Викендов температурите ќе ни бидат пониски, наутро значително свежо

Meteoalarm.mk 82.png

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.

Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.


Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени.

Можете да прочитате

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна

Тешка сообраќајка на патот Кочани -Штип

Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла