Утрински Весник
Македонија

Викендов студено време со повремени снежни врнежи

Викендов студено време со повремени снежни врнежи

Времето денес со слаб локален снег, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени, соопшти УХМР.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Можете да прочитате

Изменет режим на сообраќај на експресниот пат Штип-Кочани

МЕТЕОАЛАРМ: Следува силно невреме во нашата Македонија!

ИНРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата