Утрински Весник
Македонија

Викендов стабилизирање на времето, од недела вечер пак дожд и грмежи

Викендов стабилизирање на времето, од недела вечер пак дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени. УВ=6

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Утре ќе има стабилизирање на времето, а во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.

В понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради