Утрински Весник
Македонија

Викендов нестабилно време: Пороен дожд и грмежи, од недела промена

Dozhd 1.webp.webp

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде 18, а максималната 32 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе бидат во интервал од 32 до 35 степени.

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите