Утрински Весник
Македонија

Викендов можно е невреме, УХМР предупредува да не се престојува на отворен простор

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Од утре попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

dobivaj vesti na viber

И во Скопската котлина од утре попладне и во недела, повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова