Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Влажниот бран од Медитеранот ќе заминува од нашата територија!

850temp anom 20240301 00 066 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

По врнежите од дожд кој ги имаме речиси насекаде низ Македонија, и се поинтензивни во западните  и во јужните предели од државава, каде понекаде надминаа и 30 литри на метар квадратен воден талог, за време на овој викенд очекуваме краткотрајна стабилизација на времето и повторно натпросечно топло време.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има сосема мали услови за слаб локален дожд, а на највисоките планински врвови можно е провејување на слаб снег. Ветерот кој го имаме од југоисточен правец ќе ја намали својата брзина.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе ја намали својата брзина.

Што се однесува на температурите, тие повторно ќе бидат натпросечно високи и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде и 15 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до околу 20 степени.

Искористете го максимално викендот кој е пред нас, поради тоа што од понеделник ни следува нова гоилема промена навремето, но детални информации околу ова очекувајте во следните наши објави.

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот