Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Не очекува стабилен, сув и многу топол викенд – Температурите ќе се искачат до близу 40 степени

T2m 049 Crop 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло, особено денес попладне со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а особено Долж Повардарието и тоа особено денес повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје и околината исто така ќе имаме стабилно, суво и сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено денес повремено ќе биде  и засилен на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 39 степени. Во Скопската котлина за време на овој викенд максималната температура ќе се искачи до околу 37,38 степени.

Можете да прочитате

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон