Утрински Весник
Македонија

Видео: Зимата пристигна вечерва Снег и проблеми на патиштата во Крива Паланка

3ba09c2f 7a6f 4c00 Ad8a Bef047b343df.jpeg
Dik 300x250 mk

Зимата официјално пристигна во Македонија, носејќи со себе снежни врнежи и предизвици за сообраќајот. Крива Паланка вечерва е под снежна покривка, а моменталната температура е 0 степени Целзиусови. 

Патиштата во овој дел на земјата се покриени со снег, што предизвика проблеми за тешките товарни возила – повеќе камиони се заглавени на патот и чекаат расчистување Македонија пат сеуште нема возила на терен за расчистување.

Возачите предупредуваат на лоши услови за патување и повикуваат на зголемено внимание поради намалената видливост и лизгавите патишта.

Метеоролозите најавуваат дека во наредните часови се очекуваат нови врнежи од снег во североисточниот дел на земјата, што може дополнително да ги влоши условите за патување. 

Можете да прочитате

(Видео) Голема полициска акција, уапсени 11 лица за лихварство

ВРЕДИ: Изборите беа локални, но поразите на НАИ се национални

Д-р Даниловски: Глувците имаат идеални услови за размножување во ѓубриштето