Утрински Весник
Македонија

(Видео) Жител од Карпош: Не ни е јасно зошто овој план со години упорно се форсира

(Видео) Жител од Карпош: Не ни е јасно зошто овој план со години упорно се форсира

„Ова е протест на жителите кои живеат во населбата што почнува од детското игралиште во Козле па завршува до Реплек. Сите тие жители имаат сериозно забелешки до ДУП-от, затоа што наместо постојното игралиште, фонтана и зеленило и дрворед, се планира асфалтирање на тој простор, дури 10 улици, со што постојниот парк ќе стане сообраќајница“, вели жител на општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

– Тоа е пред зградите, а позади зградите наместо постојниот паркинг се планира двонасочна улица. Ако тоа се случи ќе го изгубиме паркингот, мирот и безбедноста. Засегнати се повеќе од три илјади жители и сите тие се против овој план. Не ни е јасно зошто овој план се форсира со години наназад, додава тој.

Можете да прочитате

Скопјанка пријавила дека маж качен на скала ја гледал додека се пресоблекувала во бутик

ИЈЗ викендов ги анализира мострите од гостиварската вода

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот