Утрински Весник
Свет

(Видео) Жесток напад врз центарот на Чернихив среде бел ден: Има многу мртви и ранети

(Видео) Жесток напад врз центарот на Чернихив среде бел ден: Има многу мртви и ранети

Украинските медиуми објавија неофицијални извештаи дека руски проектил удрил во Чернихив, а бил насочен на локација каде што украинските производители на дронови одржувале изложба.

dobivaj vesti na viber

Киев Индипендент потврди дека за денеска била планирана изложба на дронови во Чернихив, но локацијата се чувала во тајност. Регистрираните посетители требало да ја добијат адресата неколку часа пред настанот.

Според објавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, 5 лица загинале, а 37 се ранети. Тој објави и видео.

Можете да прочитате

Од Пентагон побарани воени опции за пристап до Панамскиот канал

Кралот Чарлс купи куќа вредна три милиони фунти

Анкета: Канаѓаните се повеќе ја поддржуваат ЕУ