Утрински Весник
Магазин

(Видео) Земјата без претставник сè уште води на евровизиските обложувалници

(Видео) Земјата без претставник сè уште води на евровизиските обложувалници

Шведска и понатаму е убедлив фаворит во обложувалниците и покрај тоа што нема свој претставник.

dobivaj vesti na viber

Букмејкерите се убедени дека Лорин ќе победи на шведскиот избор за песна на Евровизија и дека потоа ќе победи и на Евросонг.

Лорин се пласираше во финалето на шведскиот натпревар „Мелодифестивален“, а нејзината песна Tattoo и настапот на националниот избор беа објавени на интернет во неделата.

Се чини дека на Европа многу ѝ се допаѓа. Песната на Лорин веќе е на топ-листите во Велика Британија и Ирска, а бројот на евровизиски фанови кои се сигурни дека има нов победник расте од час во час.

Шведска е на врвот на обложувалниците со речиси двојно поголеми шанси од Украина. Над 28 проценти од обложувачите парите ги ставија на победа на Шведска.

И „Твитер“ е полн со објави за Лорин, заедно со видеото од нејзиниот настап во матичната земја.

Лорин веќе победи на Евросонг во 2012 година со песната Euphoria, која е на врвот на најпопуларните евровизиски песни во историјата.

 

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата