Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски покажа каде живее од почетокот на војната

(Видео) Зеленски покажа каде живее од почетокот на војната
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на новинарите им го покажа привременото сместување во кое вели дека живее од почетокот на војната, пишува ДПА.

dobivaj vesti na viber

„Јас живеам овде“, рече Зеленски во прилогот на новинарот Дмитро Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија 1+1.

Зеленски рече дека тука престојува од 24 февруари 2022 година, кога започна руската инвазија на Украина.

Клип од видеото на Твитер објави и Антон Герашченко, советник за внатрешно-политички прашања на украинскиот претседател.

Прозорците на импровизираното сместување се покриени со дебели завеси. На креветот има перници и ќебе со цвеќиња за едно лице, а можете да ги видите и телевизорот, столот и работната маса.

Зеленски во видеото го покажува и неговиот плакар, каде што висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот се војнички чизми.

Ова е мојата „обична облека“, рече Зеленски. „Во моментов не носам одела“, додаде тој.

Меѓутоа, Зеленски потоа вади одело од левиот агол на плакарот.

„Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши, ќе победиме“, рече Зеленски низ насмевка,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим