Утрински Весник
Скопје

(Видео) Во Скопје вози и паркира, кој како ќе стигне

Image 7.png

Скопје од година в година е се понаселен но и се попосетуван град, а тоа најмногу се забележува по сообраќајните метежи кои станаа скопско секојдневие.

Покрај застоите поради државни делегации, поради градежни зафати или сообраќајни несреќи, сообраќајот во Скопје дополнително го комплицираат и несовесни возачи, кои возат, паркираат, претекнуваат каде сакаат и како сакаат.

За само неколку минути камерата на 24инфо „улови“ десетици прекршоци направени од возачи во Скопје.

Тротоари, коловозни ленти, па и зелени површини често се користени како паркинг места. Пластичарска, делови од булеварите Партизанска, Јане Сандански, Борис Трајковски, Гоце Делчев, се полуфункционални, затоа што една од лентите постојано е зафатена од паркирани автомобили.

Ниска сообраќајна култура има и од пешаците кои ги минуваат булеварите надвор од пешачки премин, но и од возачите на електрични тротинети кои често пати знаат да возат на втора, односно и на трета лента од скопските булевари.

Во анкетата што 24инфо.мк ја направи вчера, голем дел од граѓаните сметаат дека во Скопје нема никаква сообраќјна култура и своите надежи за надминување на овој проблем го гледаат во казнувањето преку камерите од системот „Безбеден град“ и очекуваат дека масовните и неселективни казни ќе стават крај на дрското возење низ Скопје.

А до неговото функционирање, во Скопје секој ќе продолжи да вози и да паркира како сака и каде сака.

Можете да прочитате

Биди храбар Трајко, му возврати Арсовска на Славески

Приватните превозници во Скопје и утре нема да возат

„На потег е Арсовска“, Славески и прати барање за мислење за нова цена по која ќе возат приватните автобуси