Утрински Весник
Свет

(Видео) Војската изврши државен удар во Нигер

(Видео) Војската изврши државен удар во Нигер

Војската во западноафриканската држава Нигер на националната телевизија објави дека врши државен удар. Тие истакнаа дека го распуштиле уставот, ги суспендирале сите институции и ги затвориле границите на државата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Нигер, Мохамед Базума е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти, а регионалните лидери организираа брза посредничка мисија за да се обидат да спречат уште едно потенцијално грабање моќ во Западна Африка.

Африканската унија и западноафриканскиот регионален блок ECOWAS го осудија, како што го нарекоа обидот за државен удар, повикувајќи ги бунтовниците да го ослободат Базум и да се вратат во нивните касарни.

Соединетите држави повикаа на ослободување на претседателот, додека Европската унија, Обединетите нации, Франција и други го осудија бунтот и рекоа дека со загриженост ги следат настаните.

„Решивме да ставиме крај на режимот каков што го знаете“

Во телевизиско обраќање во средата, полковникот Амаду Абдрамане, заедно со девет други униформирани војници зад него, рече: „Ние, одбранбените и безбедносните сили… одлучивме да ставиме крај на режимот каков што го знаете.

„Причина за тоа е континуираното влошување на безбедносната состојба и лошата економско-социјална состојба.

Тој рече и дека сите институции во државата се суспендирани и дека раководителите на министерствата ќе се грижат за секојдневните работи.

„Се бара од сите надворешни партнерски земји да не се мешаат“, продолжи тој. „Копнените и воздушните граници се затворени додека не се стабилизира ситуацијата.

Тој додаде дека ноќниот полициски час ќе важи од 22:00 до 05:00 часот до понатамошно известување.

Полковникот Абдрамане рече дека војниците дејствувале во име на Националниот совет за заштита на татковината (ЦНСП).

Американците: Нашата помош за Нигер зависи од зачувувањето на демократијата во таа земја

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го услови продолжувањето на помошта за Нигер со зачувување на демократијата во таа африканска земја, соопшти Стејт департментот.

„Силното економско и безбедносно партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Нигер зависи од зачувувањето на демократијата и почитувањето на владеењето на правото и човековите права“, рече Блинкен во телефонскиот разговор со претседателот на Нигер Мохамед Базум, кој беше приведен од членовите на претседателската гарда.

Вашингтон „го осудува обидот за насилно преземање на власта и уривање на уставниот поредок“, додаде американскиот државен секретар, се вели во соопштението.

Антони Блинкен, исто така, ја нагласи „цврстата поддршка“ на Вашингтон за „претседателот Мохамед Базум и демократијата во Нигер“, објави Стејт департментот.

Генералниот секретар на ОН: Загрижен сум што претседателот на Нигер е во заробеништво

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „најостро ја осудува неуставната промена на власта“ во Нигер, изјави неговиот портпарол, откако армијата објави дека го соборила претседателот Мохамед Базум.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик, рече дека генералниот секретар на ОН е „длабоко загрижен“ од приведувањето на претседателот Базум од страна на членовите на претседателската гарда.

„Генералниот секретар повикува на итен прекин на секоја акција што ги крши демократските принципи во Нигер“, додаде Дужарик.

Нигер, чија историја е обележана со државни удари, е еден од последните сојузници на западните земји во регионот Сахел уништен од џихадистичкото насилство и чии две соседни земји, Мали и Буркина Фасо, каде војската е на власт по пучот, се свртеа кон други партнери, вклучувајќи ја и Русија.

Путин сака да го прошири своето влијание во Африка

Во соседно Мали, пак, тешко вооружените руски платеници на Вагнер му помагаат на воениот режим во борбата против џихадистичките бунтовници. Така, ситуацијата во Нигер сега станува една од главните теми на Западот поради активноста и нестабилноста на Вагнер во регионот Сахел.

Претседателот Владимир Путин, кој сака да го прошири руското влијание во Африка, денеска ќе биде домаќин на африканските лидери во Санкт Петербург.

Економската заедница на Западна Африка (ЕКОВАС) соопшти дека „остро го осудува обидот да се преземе власта со сила“ во Нигер.

Во име на ECOWAS, претседателот на Бенин, Патрис Талон, пристигна во главниот град Ниамеј во мировна мисија.

Талон рече дека ќе бидат искористени сите средства, доколку е потребно, за да се врати уставниот поредок во Нигер, но идеално е се да се направи мирно и хармонично.

Претходно во средата, толпата во Нијамеј излезе на улиците во знак на поддршка на Базум. Репортерот на Би-Би-Си, исто така, видел силно вооружени сили лојални на претседателот стационирани околу националното радио и телевизија.

Градот беше главно мирен, иако војниците кои го извршија пучот пукаа за да ги разбијат протестите.

Борбата против два исламистички бунтови

Нигер се бори со два исламистички бунтови – еден на југозапад, кој започна во Мали во 2015 година, а другиот на југоисток, кој вклучува џихадисти со седиште во североисточна Нигерија.

Милитантните групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава се активни во таа африканска земја.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме