Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Мексико шестгодишно момче падна од висина од 12 метри, му се откинал ременот на „зиплајнот“

(Видео) Во Мексико шестгодишно момче падна од висина од 12 метри, му се откинал ременот на „зиплајнот“

Шестгодишно момче од Мексико паднал во вештачко езеро во забавен парк кога му се откинал ременот на „зиплајнот“.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледа како момчето Цезар Морено виси од 12 метри над вештачко езеро во паркот „Фундидора“. Потоа се гледа како возрасен маж го спасува кога ненадејно се кине безбедносниот појас.

 

Од паркот „Фундидора“ во понеделникот соопштиле дека активностите на сите атракции се суспендирани и дека компанијата што управува со линијата е под истрага за одговорност.

Од управата на паркот додаваат дека ќе одржуваат комуникација со семејството на малолетникот за да се обезбеди институционална поддршка и да се реши сè што е поврзано со ситуацијата.

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин – Макрон