Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во колона со полициска придружба Бугарите од граница тргнаа кон Скопје

(Видео) Во колона со полициска придружба Бугарите од граница тргнаа кон Скопје

Членовите на бугарските здруженија и граѓаните кои сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делев на 151-годишнината од неговото раѓање, тргнаа кон Скопје по неколкучасовен застој на македонско – бугарската граница.

dobivaj vesti na viber

Полицијата ги нареди во колона возилата кои до гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје мора да се движат строго со полициска придружба.

Граничните власти велат дека сите возила во кои се превезуваат граѓаните кои ќе одат на гробот на Гоце Делчев биле детално претресени.

Официјалната бугарска делегација, пак, која веќе е во Скопје, најави дека ќе чека да пристигне колоната од граница за заедно да влезат во црквата Св. Спас.

Можете да прочитате

Обвинение за судијата во чиј дом беа најдени 350.000 евра во ѕид

Марковиќ: Савески крахираше во првите 48 часа, обвинителството останува сервис на власта

Скопје домаќин на 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи