Утрински Весник
Свет

(Видео) Во голема акција во Србија разбиен балкански нарко картел – шверцувале кокаин во ЕУ

(Видео) Во голема акција во Србија разбиен балкански нарко картел – шверцувале кокаин во ЕУ

Во историска акција на српската полиција, во соработка со Обвинителството за организиран криминал, уапсени се 13 лица осомничени дека се членови на балкански нарко картел.

dobivaj vesti na viber

Членовите на картелот биле уапсени во луксузни станови и куќи, пишува „Блиц.рс“.

Весникот пишува дека станува збор за картел кој бил главен за дистрибуција и шверц на кокаин на територијата на Европа.

Запленети се големи суми пари, а забележани се и скапи часовници. Уапсените се пронајдени во луксузни куќи и станови, кои имаат и приватна теретана.

„Србија со уште една успешна акција покажа и докажа дека е успешен партнер. Заедно со Европол беа уапсени 13 лица, членови на ОКГ, која функционираше од неколку независни ќелии на балканскиот картел. Се верува дека тој стои зад пратките од повеќе тони кокаин кои во Србија пристигнале од Јужна Америка. Со оваа акција беше соборена најголемата организација за трговија со дрога. Уапсени се и организаторите М.Ш и М.Л. Во текот на 2020 година се запленети најмалку седум тони кокаин и тоа се доведува во врска со овој картел“, изјави шефот на УКП, Нинослав Чмолиќ.

 

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени