Утрински Весник
Спорт

(Видео) Во Дортмунд е лудница од шест сабајле

(Видео) Во Дортмунд е лудница од шест сабајле

Борусија Дортмунд попладнево го игра најважниот натпревар во последната деценија. Со победа над Мајнц, Борусија ќе ја прекина доминацијата на Бањерн во Бундес лигата.

dobivaj vesti na viber

Соодветно на тоа, градот е во целосна лудница од раните утрински часови. Како и секогаш „Вестфален“ исполнет до последното место, но како што стојат работите, барем исто толку фанови (околу 80.000) ќе останат надвор од ѕидовите култниот стадион.

Како што пренесуваат германските медиуми, веќе во шест часот утринава почнале да се создаваат редови пред стадионот. Ова се слики кои ретко се гледаат…

Да потсетиме, „Милионерите“, ја чекаат титулата од 2012 година, а за тоа им треба победа против Мајнц. Доколку успеат, тоа ќе биде нивната деветта круна во Германија и на вечната листа ќе се изедначат со Нирнберг, клубот кој во моментов има најмногу титули е Баерн (32).

Можете да прочитате

Мбапе со двоен удар ја одведе Франција до победнички старт

Иран се извлече против Нов Зеланд во драматично реми, натпреварот го засенија протести пред стадионот

(Видео) Ибрахимовиќ му ја пушти Лепа Брена на Тиери Анри