Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Доха се урна повеќекатница, спасувачите бараат преживеани

(Видео) Во Доха се урна повеќекатница, спасувачите бараат преживеани

Висококатница се урна во Доха, главниот град на Катар, при што загина најмалку едно лице, додека спасувачите се уште трагаат по преживеани.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека се работи за четирикатница во населбата Бин Дурам и дека седум лица го преживеале уривањето.

Од жителите на областа беше побарано да се евакуираат заради нивна безбедност.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека алармите на автомобилите се вклучиле по уривањето, а дел од зградата паѓа во близина.

Можете да прочитате

Кремљ одби да го коментира украинското тврдење за планиран заговор за убиство на Зеленски

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус од пазарот ширум светот