Утрински Весник
Свет

(Видео) Вила со базен виси на карпа, луксузни куќи пред пропаст – невремето во Калифорнија проголта богата населба

(Видео) Вила со базен виси на карпа, луксузни куќи пред пропаст – невремето во Калифорнија проголта богата населба
Dik 300x250 mk

Калифорнија беше погодена од лизгање на земјиштето по страшното невреме и обилните дождови, а особено загрижувачки слики доаѓаат од Сан Клементе  – населба што беше евакуирана.

dobivaj vesti na viber

Инаку, ова одморалиште е едно од најлуксузните во цела Калифорнија.

Снимка направена со дрон открила голем дел од двор што бил однесен од лизгањето на земјиштето, а расфрлани се градинарски мебел и саксии. На снимките се гледа и базен, кој речиси исчезнува при одронот.

Западниот брег деновиве е зафатен од дождови по две децении суша предизвикувајќи хаос на патиштата и загрозувајќи ги домовите по должината на брегот во округот Оринџ во Јужна Калифорнија.

Иако дождот конечно се расчисти во областа, синоптичарите предупредија дека следната недела може да пристигне уште едно невреме.

Можете да прочитате

Двајцата уапсени за нападот со нож во воз на станицата во Хантингдон се родени во Велика Британија, соопшти полицијата

Песков: Можно е брзо да се договори средба меѓу Путин и Трамп, но за тоа во моментов нема потреба

Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол