Пет лица загинаа во руски ракетни напади во западниот регион на Лавов, рече шефот на регионалната воена администрација на Телеграм.
„ Воздушниот аларм за жителите на областа Лавов, траеше четири часа оваа вечер … Во областа Золочив, непријателска ракета падна во станбена област. Избувна пожар. Тој веќе е изгаснат… “, изјави Максим Козики, кој претходно рече дека загинале четири лица – две жени и двајца мажи.
Козицки објави видео од штетата, направено од дрон.
⚡️ The head of the Lviv Regional Military Administration posted the video of the consequences of the [russian] missile crash in the Zolochiv district.
👉 Follow @Flash_news_ua pic.twitter.com/0UBG7u9rwC
— FLASH (@Flash_news_ua) March 9, 2023
Според Козицки, урнатините се расчистуваат и може да има уште луѓе под нив. Пожарот уништил три станбени згради, три автомобили, гаража и повеќе помошни објекти.
Руските сили синоќа и утрово извршија масовни напади на Украина. Украинските власти соопштија дека нуклеарната централа „Запорожје“, која е под контрола на Москва, останала без снабдување со електрична енергија.
Објавена е и карта на сите нападнати места.
The map of the russian night massive attack on Ukraine. March 9. 2023. #StandWithUkraine pic.twitter.com/EcgREbNpua
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) March 9, 2023
Воздухопловството на Украина објави преку Телеграм за бранот напади на Русија во текот на ноќта. Се тврди дека „одбранбените сили на Украина уништиле 34 крстаречки ракети … како и 4 беспилотни авиони „ Chahed-136/131 “. Се тврди дека Русија испалила вкупно 48 ракети од типот на калибар за крстарење.
Во него се наведува дека нападот содржел „вкупно 81 проектил од различни типови“ и дека „лансирањата биле извршени од десет стратешки авиони ТУ-95, седум авиони со долг дострел TU-22M3, осум ловци SU-35, шест авиони на MIGS 31K и три носачи на Kalibr KR во Црното Море, пишува „Гардијан“.