Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Урнат пропалестинскиот камп во уверзитетот во Калифорнија

Ucla Palestine Protests 2.jpg

Стотици полицајци во полна опрема се упатија кон местото на пропалестинските протести на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА) рано утринава по американско време, при што уапсија и приведоа неколку демонстранти, пред да ги урнат нивните шатори.

Се зголемуваат тензиите во американските универзитетски кампуси, каде протестите поради израелската војна во Газа резултираа со судири меѓу студентите и полицијата. Додека полицијата рано утрово се движела кон кампусот во УКЛА каде што престојувале студентите, се слушнал звук од шок бомби.

Локалната телевизија КАБЦ-ТВ проценува дека во кампот имало меѓу 300 и 500 демонстранти, од кои многумина носеле традиционални палестински шамии, а уште околу 2.000 се собрале пред барикадите во знак на поддршка на своите колеги.

Пред да упадне во кампот, полицијата неколку пати преку разглас ги повика демонстрантите да го напуштат просторот на централниот плоштад, со големина на фудбалско игралиште. Откако полицијата со часови се собираше околу кампусот, пред зори упадна во кампот во неколку редови и носејќи палки, а студентите се обидоа да го спречат нивниот напредок.

На видеата се гледа како полицијата ги урива шаторите и го отстранува кампот, додека уапсените демонстранти седат со врзани раце зад грб. Во последните неколку дена, студентите подигнаа шатори пред неколку американски универзитети со барање за итен прекин на огнот во Газа.

Тие бараат и универзиттите да ги прекинат врските со компаниите кои ја поддржуваат израелската влада. Администрациите на многу престижни универзитети, како њујоршкиот Колумбија, повикаа полиција да ги смири студентските протести.

Полициската акција во УКЛА дојде откако полицијата во Њујорк во вторникот приведе пропалестински активисти кои окупираа зграда во Колумбија и ги отстранија шаторите поставени од студентите.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, рече дека околу 300 луѓе биле приведени во Колумбија и Сити колеџот во Њујорк.

Можете да прочитате

Индонезија прогласи највисоко ниво на тревога поради серија ерупции на вулканот Ибу

Двајца браќа обвинети за кражба на 25 милиони долари во криптовалути, грабежот го направиле за неколку секунди

Кралицата Камила: Кралот Чарлс е подобар, но мора да ги намали своите должности