Момче и девојка загинаа во пукање во Нови Сад.
Како што пренесуваат српските медиуми, момчето влегло во козметички салон каде што работела неговата девојка и ја застрелал, по што се самоубил.
Тој и претходно бил пријавен за насилство врз поранешната партнерка и имал забрана за приоѓање.
View this post on Instagram
Според информациите, тој работел во продавница за оружје, која се наоѓала во близина на салонот каде што работела девојката. Тој го земал оружјето од работа и со него ја застрелал девојката.
На местото на настанот најпрвин дошла полицијата, а потоа и брзата помош која случајно се нашла таму. Тие се обиделе да ги реанимираат И.Р. и В.Р., но за жал немало спас и двајцата им подлегнале на повредите.