Утрински Весник
Македонија

(Видео) Уапсени дилери во Скопје и запленета голема количина на амфетамин вредна околу 40.000 евра

(Видео) Уапсени дилери во Скопје и запленета голема количина на амфетамин вредна околу 40.000 евра

Полицијата приведе три лица, со иницијали М.Ш.(48), Е.Т.(30) и А.З.(19), сите од Скопје, бидејќи кај нив бил пронајден ранец со 14 компресирани пакувања со синтетичка дрога амфетамин, со тежина од околу 7 килограми, чија вредност е околу 40.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата соопштија дека во текот на ноември и декември минатата година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скоје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје, Велес, Гевгелија и Тетово. Во текот на истрагата лишени од слобода се 13 лица и запленет е околу 1 килограм синтетичка дрога амфетамин и марихуана, за што досега се поднесени 8 кривични пријави до надлежните Основни јавни обвинителства во Скопје и Велес, а на дел од лишените лица одредени им се мерки притвор.

„Во текот на денешниот ден извршени се претреси на 5 локации во Скопје, при што се пронајдени марихуана, хероин, амфетамин и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби. Запленети се и парични средства кои потекнуваат од продажба на наркотични и синтетички дроги, а запленети се четири патнички возила (голф 5, ауди А3, мерцедес и рено клио) за кои во текот на истрагата беа обезбедени докази дека биле употребувани за продажба на дроги. Притоа, лишена од слобода е и Р.И.(39) од Скопје, а против други лица инволвирани во извршените кривична дела, за кои се обезбедени докази, ќе бидат преземени дополнителни мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода“, рече Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Од страна на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното скопско обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава против пет лица за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи најави дека и во претпразничниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце