Утрински Весник
Магазин

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

248ade77 F46f 4c4d 8b55 E816b90044e3.jpg

Тројца Руси минатата недела поставија светски рекорд скокајќи со падобран од земјината стратосфера на Северниот пол во мисија која послужи и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска Никита Цаплин, организаторот на тој потфат.

Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од леталото Иљушин-76 на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на височина од 1.000 метри од земјата, а се е снимено во спектакуларно видео.

Сите тројца падобранци и покрај загреаните маски премрзнале на образите. Тие скокнаа од авионот и паднаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура од околу -50 степени Целзиусови, со чувство од -70 степени Целзиусови, изјави Цаплин.

https://www.youtube.com/watch?v=3KGTiB3eWWk

Стратосферата е слој од атмосферата на Земјата кој се протега од 10 километри (околу 8 километри на половите) до висина од околу 55 километри.

Во долниот дел, температурата на воздухот не се менува (околу -56,5 °C над половите и средните ширини, т.е. -85 °C над екваторот), туку поради апсорпцијата на ултравиолетовото зрачење од Сонцето во озонската обвивка, се зголемува полека, а потоа побрзо со висината, а на својот врв достигнува вредности од околу -2 °C.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база Барнео, каде успеале да го напојуваат серверот со помош на дизел генератори и да воспостават врска со сателитот. Опремата претходно беше исфрлена од леталото на помала височина.

Можете да прочитате

Чешка ќе дозволи лекарите да препишуваат лековити „магични печурки“ од следнава година

Трчањето во зима е корисно

Дел од Амазонија има нов приватен сопственик