Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тренчевска: Земјава е лидер во регионот во воспоставување и имплементирање на социјални услуги за лица со попреченост

(Видео) Тренчевска: Земјава е лидер во регионот во воспоставување и имплементирање на социјални услуги за лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата оствари средба со претставниците на Националниот сојуз на слепи лица, со цел да ги слушне нивните барања и воедно да се најде најсоодветното решение. Побараа раст на додатокот за попреченост. Тој да биде 40% од просечната плата во државата, 30% од просечната плата за правото за туѓа нега, и помагала за слепите како системско решение.

dobivaj vesti na viber

Тренчевска се осврна на политиките и мерките кои оваа Влада ги креираше и имплементираше изминативе години. Како што се, растот на гарантираната минимална помош, намалување на возраста за лична асистенција од 18 на 6 години, измени во Законот за детска заштита со кои висината на посебниот додаток треба да се покачи за 15% и измени во Законот за социјална заштита каде се намалува возрасната граница на родителите кои се грижеле за своето дете со попреченост во својот дом до неговата 26 годишна возраст, како и правото за лична асистенција на лицата со комбинирана попреченост, измени кои се во собраниска процедура.

„Република Северна Македонија е лидер во регионот но и пошироко во воспоставување и имплементација на социјалните услуги на локално ниво, во заедницата, односно домот на граѓаните на кои поддршката им е неопходна за нивно функционирање. А со тоа и нивно поголемо вклучување во сите сфери на општественото живеење“ – рече Тренчевска.

Таа информираше дека преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика досега само со првиот јавен повик за доделување на грантови се реализираа 22 проекти во 27 општини. Преку овие услуги опфатени се околу 700 корисници. Проектот опфаќа, помош и нега во домот, дневни центри за деца со попреченост, помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и регенерација на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатени се околу 700 корисници.

Министерката посочи дека во државава, отворени се 35 дневни центри за деца со попреченост кои ги посетуваат 400 деца со попреченост.

Во тек е изработка на дизајн за воспоставување на Регистар за деца и лица со попреченост кој треба да биде завршен до крајот на 2022 година.

Сите нови детски градинки се градат согласно стандарди кои вклучуваат инклузивност, а додека постојните се прилагодуваат, затоа што секое дете има право да биде дел од предучилишниот процес. Во таа насока се и трите нови сензорни игралишта во Кривогаштани, Крушево и Струмица, како и две нови сензорни соби во детски градинки.

Од септември 2022 година Министерството за труд и социјална политика во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви започнува со обуки за вработените во предшколските установи за знаковен јазик. Овие обуки особено се наменети за вработените каде имаме згрижено деца со пречки во слухот.

Можете да прочитате

Сончево и топло со температури до 30 степени

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината