Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Трагедија во Романија: при експлозии на бензинска, eдно лице загина, над 40 се повредени

(ВИДЕО) Трагедија во Романија: при експлозии на бензинска, eдно лице загина, над 40 се повредени

Најмалку едно лице загина, а седум се тешко повредени во две експлозии синоќа на бензинска пумпа, во градот Креведија, Романија, а уште две лица се водат како исчезнати.

dobivaj vesti na viber

Властите во Дамбовица го активираа Планот за црвена интервенција.

Досега најмалку 46 лица се повредени.

„Нова трагедија вечерва ја потресе Романија и длабоко сум тажен што експлозиите во Креведија резултираа со жртви. Испраќам сочувство до семејствата на жртвите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Во моментов, приоритет е да се обезбеди целата поддршка на засегнатите. Штом ситуацијата во ризичната зона ќе се стабилизира, мора брзо да се започне истрага за да се утврди дали се прекршени законот и правилата. Барам властите да преземат итни мерки за повредени за да не се повторат трагедиите од минатото“, е пораката што ја испрати претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

Според очевидци настанот започнал со првата експлозија во која учествувал камион ТИР. Подоцна автомобилот се запалил, а потоа дошло и до експлозија која го фрлила резервоарот преку патот.

Се претпоставува дека до инцидентот дошло кога гориво било префрлено и излеано во подземен контејнер.

Генералниот комесар за национална заштита на животната средина, Андреј Корлан, го советуваше населението да ги затвори прозорците по експлозијата.

Три илјади жители се евакуирани од радиус од 700 метри.

Објавен е и моментот на страшната експлозија.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30