Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Торнадо во Тексас: има загинати и тешко повредени

(ВИДЕО) Торнадо во Тексас: има загинати и тешко повредени

Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во торнадо во американската сојузна држава Тексас.

dobivaj vesti na viber

Невремето што вчера го погоди регионот на долината Рио Гранде, во државата предизвикало човечки загуби и материјална штета.

Националната метеоролошка служба соопшти дека торнадото, кое го погоди регионот со брзина од приближно 177 километри на час, оштетило домови и исфрлил столбови за струја.

Локалните власти, прогласувајќи „катастрофа“ во регионот, предупредија дека и вечерва постои можност од нови торнада со пороен и силен ветер.

Можете да прочитате

Руски напад врз Киев, делови од градот без струја и греење

Цените на златото постојано растат

Во Шпанија прогласена тридневна жалост по железничката несреќа