Утрински Весник
Македонија

(Видео) Томовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи детален план за решавање на проблемите како идна власт

(Видео) Томовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи детален план за решавање на проблемите како идна власт

Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места, од страна на 19 тима со 200 луѓе на терен. Собрани се 18.324 проблеми и составени се 6.428 извештаи, извести Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој информира дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имал средби со 19 тим лидери, кои биле шест недели на терен и посетиле 709 населени места.

На состанокот биле разгледани мислењата и критиките што ги даваат граѓаните.

„Се разработуваат решенија за посочените проблеми, најголемиот дел од проблемите зависи од централната власт, и бараат сериозен пристап од Владата за нивно решавање. Секако дека многу е важно и мислењето што го имаат граѓаните за нашата работа и начинот на кој може да се подобриме за уште поголема грижа.

Во наредниот период претседателот Мицкоски ќе посети дел од местата, каде што е побарано неговото присуство, и изворно ќе се запознае со работите што ги мачат граѓаните.

Веруваме дека повеќето од работите што се посочени како проблем зависат од централната власт, но и не веруваме дека власта има капацитет да ги реши. ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи детален план и начин за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, додаде Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво